On-Board Дијагностика
On-Board Diagnostics претставува нова услуга на АМСМ, при што во случај на дефект кај поновите возила опремени со on-board компјутер, возачите - механичари од Помош на пат со помош на мобилен компјутер (Notebook) и специјален мобилен OBD приклучок се во можност директно да се приклучат на компјутерот на возилото и на самото место да ги дијагностицираат и да ги утврдат причините за дефект на возилото.
    Мобилниот компјутер (Notebook) и мобилниот OBD приклучок со помош на софтверската апликација се во можност да дијагностицираат повеќе видови дефекти од On-Board компјутерот на возилото. Редовното обновување на датотеката на податоци за повеќе видови возила, како и обновување на датотеката на податоци за новите возила овозможува софистицирано и брзо отстранување на системските дефекти кај новите возила.
On-Board дијагностиката е особено актуелна во отстранувањето на ситните грешки во компјутерскиот систем на возилото и без овој систем возилото не е во можност да го продолжи патувањето.
On-Board дијагностиката е оперативно воведена во возилата за помош на пат на АМСМ како дел од услугите за помош на пат, почнувајќи од 01.01.2006 година.