Возила за помош на пат
Возилата за помош на пат се опремени со мобилна опрема за отстранување на повеќе видови дефекти на самото место на настанот. Покрај стандардните услуги кои вклучуваат замена на резервно тркало, дотур на гориво, дотур на масло и течност во системот за ладење, возилата за помош на пат поседуваат и специјална опрема за откривање на повеќе видови електронски дефекти, како и поправки на системот за осветлување и сигнализација на возилото:
    Со помош на стартерот и електронскиот тестер, возачите - механичари се подготвени да дијагностицираат повеќе видови дефекти во електронскиот систем на возилото и истото привремено да го стават во возна состојба.
Мобилниот компресор е од голема корист при
дефект на пневматиците, особено доколку дефектот се случи на автопат, магистрален или на регионален патен правец, каде што не постои можност за осттранување на истиот.
    Возилата за помош на пат се опремени со сите видови горива за лесни возила, се со цел членовите на АМСМ и во случај на недостиг на гориво да можат да го продолжат патувањето.
Доколку членовите на АМСМ не се во состојба самостојно да извршат промена на тркалото, возачите - механичари од Помош на пат ја поседуваат целосната неопходна опрема за да го извршат истото.
    On-Board Дијагностика претставува нова услуга на АМСМ, при што во случај на дефект кај поновите возила опремени со on-board компјутер, возачите - механичари од Помош на пат со помош на мобилен компјутер (Notebook) и специјален мобилен OBD приклучок се во можност директно да се приклучат на комјутерот на возилото и на самото место да ги дијагностицираат и да ги утврдат причините за дефект на возилото.