| АМСМ Гранични пунктови | ||
|
|
![]() |
Секторот за гранично работење, кој е составен дел на АМСМ, егзистира веќе неколу години и има зацртано стратегија за работење во доменот на давање информации и услуги на гранични премини низ целата гранична линија на Република Македонија. |
|
Граничните пунктови на АМСМ покрај информациите кои ги даваат на странските и на
домашните моторизирани туристи, вршат и услуги како што се:
-издавање зелени картони -издавање меѓународни возачки дозволи -издавање визи за престој во Р. Македонија -наплата на гранично осигурување -наплата на царини -наплата на друмски такси -наплата на административни такси -менувачница АМСМ граничните премини се од големо значење како за домашните лица така и за странските туристи кои влегуваат во Р.М. бидејќи на едно место можат да добијат комплетни информации и услуги во врска со нивниот влез, излез и престој во земјава. Граничните пунктови се отворени и активни во давањето услуги НОН-СТОП 24 часа, вклучувајќи ги викендите и државните празници. |
||