m1
m2 m3
m4      
m8  
  m9
sm1 sm2 sm3
m10  
m11 m12
m13
16 17
  18

АМСМ Гранични пунктови

Авто-Мото Сојузот на Македонија е формиран во 1945 година како здружение на граѓани, обединувајќи ги автомобилистите, мотоциклистите и другите граѓани во авто-мото друштвата и во авто-мото клубовите со цел за нивно згрижување, помагање во остварувањето и заштитата на нивните интереси, права и потреби од областа на автомобилизмот, мотоциклизмот и туризмот.
Зачетоците на Сојузот во далечната 1945 беа преку формирањето посебни секции кои имаа примарна цел едукација на младите за управуваање со моторни возила, како и обновување на возилата со поодминат рок во интерес на развојот на автомобилизмот во Р. Македонија. На 4 Септември 1946 година, со помош на младинската организација НОМСМ, се формира Земскиот одбор за автомобилизам и мотоциклизам кој на својата Прва седница ги усвојува следниве задачи:- собирање на сите автомобилисти и мотоциклисти во една организација, организирање курсеви за обука на возачи на моторни возила, основање работилница за поправка на моторни возила, унапредување на сообраќајно-техничката култура и организирање спортски натпревари.

Земскиот одбор до 1950 година се ангажира во формирањето нови организации, формирање на школи за обука на возачи, оспособување на моторни возила, организирање спортски натпревари и пропагадни спортски возења. Одборот придонесе за поуспешно остварување на задачите од страна на Министерството за локален сообраќај: отворање школи за возачи и за автомеханичари, проверка на техничката исправност на возилата, создавање регулатива во областа на автосообраќајот.....

АМСМ понатаму настојуваше да ја шири мрежата на подрачни организации за кон крајот на 1950 нивниот број да изнесува 60 авто-мото друштва кои пак услужуваа 9.000 членови. АМСМ станува една од најмасовните организации во Македонија. 1953 година претставува вистински пресврт во целокупното работење на Авто-Мото Сојузот на Македонија откако тогашната Влада на Р.Македонија го овластува Сојузот да врши повеќе функции кои дотогаш ги вршеа органите на власта. АМСМ за кратко време стручно и компетентно почна да ги остварува задачите во областа на стопанството, патиштата и туризмот. Нови можности за дејствувањето на АМСМ настанаа во 1978 година, кога Сојузното собрание го носи Законот за јавни овластувања на АМСМ. Остварувајќи сестрани јавни овластувања, АМСМ придонесе моторното средство да стане придружник на животот во дваесеттиот век.

Со забрзаниот развој на автомобилизмот кај нас, АМСМ ја активира Службата помош и информации (СПИ). Веќе од 1982 година СПИ дејствува како развиена служба која активно е вклучена во зголемувањето на безбедноста во сообраќајот. За таа цел АМСМ обезбедува специјални возила, соодветни објекти, средства за врска и стручно оспособени кадри. Во 1985 во рамките на СПИ проработи и Хелио службата за медицинска помош , заедно со првиот хелиодром во кругот на Државна болница што овозможи ефикасна соработка со сите специјализирани клиники.

Од 15 април 1978 АМСМ со закон почнува да остварува нови активности од есенцијално значење за автомобилизмот: издавање меѓународни возачки дозволи, дозволи за користење туѓи моторни возила, собирање и чување на запленети возила, обезбедување наплата на царини и други увозни давачки за моторни возила, издавање дозволи за меѓународни мото-натпревари, издавање на натпреварувачки дозволи и лиценци за учество на меѓународни авто-мото натпревари.

1982 година е значајна и по тоа што почна со работа и Информативниот центар во рамките на АМСМ како важен сегмент за безбеднои сигурно функционирање на сообраќајот во Македонија. Информативниот Центар продолжува да ја информира јавноста за состојбите на патиштата, проодноста, ограничувањата и за забраната сообраќај на одредени патни правци.

Со осамостојувањето на Република Македониа, АМСМ прави голем напор за обезбедување самостојно членство во повеќето европски и светски асоцијации на Авто-Мото туринг клубови. АМСМ е дел од големото светско семејство на асоцијации како: FIA- Меѓународната автомобилска федерација, FIM- Меѓународната мотоциклистичка федерација, UEM-Европската унија на мотоциклисти, ERIC-Европскиот Патен и Информативен центар, ARC Transsistance- Европската мрежа за помош на пат и други. Преку учеството во овие асоцијации АМСМ разменува големи искуства и остварува блиска соработка со повеќето авто-мото сојузи низ Европа и светот, а се со една единствена цел, унапредување и проширување на услугите и остварување поголема грижа за своите членови и другите учесници во сообраќајот.

Авто-Мото Сојузот на Македонија, покрај јавните овластувања, полага особен интерес и внимание кон изградбата на сопственото членство. Во насока на тие активности особено внимание е посветено на Службата Членство, која од поново време фаќа чекор со развиените клубови од светот преку континуираното технолошко надградување и проширување на своите активности и услуги. Согледувајќи ги потребите на своите членови во однос на побарувањата на модерното општество, АМСМ со помош на сопствениот стручен кадар и искуствата на сите европски и светски авто-мото асоцијации, развива и креира нови софистицирани услуги што им се потребни на моторизираните граѓани.

АМСМ е во тесна соработка и координација со локалните авто-мото друштва и продолжува да се грижи за сите моторизирани граѓани во поглед на давање совети и помош од областа на сообраќајот, како и во обезбедување на сообраќајни и патни информации.

19  
20 21 22 23 24
25 26
Авто Мото Сојуз на Македонија © 2005 АМСМ, сите права задржани
27 28
29 30 31 32 33
34 35
36
37 38