Авто-Мото Друштва во Скопје
На територијата на град Скопје функционираат четири авто-мото друштва.


Авто-Мото Друштвото "4 Јули", слично како и другите кои функционираат на територијата на град Скопје, потекнува од АМД "Тошо Димов" кое било формирано во далечната 1946. Инаку, во оваа форма како што го среќаваме денес, почнало да функционира од 1976 година. Денес друштвото ги извршува следниве дејности: издавање меѓународни возачки дозволи, документ за користење туѓо моторно возило, издавање зелени картони и членство. До пред неколку години во рамките на друштвото функционираше и автошкола за обучување возачи од "Б" категорија, но денес истата е во состав на АМСМ.

Авто-Мото Друштвото "Јане Сандански" е формирано на 18.10.1988 година. Тоа поседува автошкола преку која се обучени над 7.000 кандидати, сервис за моторни возила и туристичка агенција "Глобус" која е основана во 1990 година.

Авто-Мото Друштвото "Чаир" од истоимената Скопска општина е формирано во јули 1989 година. Денес во рамките на истото функционира автошкола.

Авто-Мото Друштвото "Водно" е основано 04.05.1979, а неговите почетоци датираат уште од 1945 година. Во негов состав работи автошкола, а Друштвото е сопственик и на полигонот за обучување кандидати за возачи - автодром кој се наоѓа под скопското Кале.