m1
m2 m3
m4      
m8  
  m9
sm1 sm2 sm3
m10  
m11 m12
m13
16 17
  18
Federation Internationale de Motocyclisme
Меѓународната федерација на мотоциклисти е основана на 21 декември 1904 во просториите на ресторанот Ledoyen во Париз под името Интернационална федерација на клубови на мотоциклисти (FICM). Се почнува кога Мотоциклистичкиот клуб на Франција организирал трка на
    која учествувале натпреварувачи од Австрија, Данска, Германија, Англија и домаќинот Франција. На трката победила Франција, меѓутоа настанала дискусија за условите и за правилата на трката. Потоа, спортските власти на земјите учеснички се здружиле и ја пласирале идејата за создавање интернационална федерација која би ги регулирала овие прашања.

По низа турбуленции и застои во работата на Федерацијата, по барање на Авто-Мото унијата на Англија доаѓа до повторен собир на клубовите членки на Федерацијата, овојпат придружени и од неколку нови аспиранти, и FICM се реактивира. Како примарна цел во своето дејствување, таа ги зацртува развојот и контролата на спортските и на туристицките аспекти на мотоциклизмот, како и давање помош на корисниците на моторни возила на ова полиња. 1949 година FICM се преименува во FIM и истата година го организира најпрестижното мотоциклистичко натпреварување до денешен ден: Road Racing World Championship Grand Prix.

Денес Меѓународната федерација на мотоциклисти го организира севкупниот мото-спорт кој се води во 5 различни дисциплини: Road Racing (Grand Prix, Superbike, Supersport, Sidecar/Endurance); Motocross (со 3 соло-класи и Motocross на нациите); Supercross, Supermoto, Snowcross, Trial, Enduro, Cross-Country Rally и Track Racing. Сево ова вбројува 34 светски шампионати на FIM. FIM, меѓу другото, учествува и во други неспортски активности-туризам, разни собири и слободни дружења, мобилност, транспорт, помош и безбедност на патиштата, заштита на околината, како и во регулирање на прашањата од технички, медицински и од правен аспект. Како светска федерација, FIM членува во повеќе меѓународни организации како: Генералната асоцијација на интернационални спортски федерации (GAISF), Интернационалниот совет за спортска наука и физичко образование (ICSSPE), а во 1994 стана членка на Европскиот совет за безбеден транспорт (ETSC). Во 2001 година станува придружен член на Светската туристичка организација. Сепак, најголемото призание го добива во 2000 година, за време на Олимписките игри во Сиднеј, кога и официјално и беше одобрен статусот на Призната федерација од страна на Меѓународниот олимписки комитет (IOC).

 
19  
20 21 22 23 24
25 26
Авто Мото Сојуз на Македонија © 2010 АМСМ, сите права задржани
27 28
29 30 31 32 33
34 35
36
37 38