 |
|
European Road Assessment Programme
|
|
|
|
|
|
|
|
Академијата ИРУ е составен дел на ИРУ (Интернационална Транспортна Унија) и претставува глобално тело во рамките на ИРУ кое преку своите акредитирани тренинг институти низ целиот свет врши обука и ги пренесува своите искуства, знаења и достигнувања во областа на транспортот.
|
|
|
|
Академијата ИРУ е единствена организација од ваков тип во Европа и пошироко, која непосредно и секојдневно соработува и е во корелација со Европската комисија за транспорт и активно учествува во измените и дополнувањата на сите директиви на ЕУ кои се однесуваат на транспортот.
Преку своите акредитирани тренинг институти, а во Македонија преку АМСМ Центарот за возила, како овластен институт, Академијата ИРУ нуди голем број специјализирани програми за обука, засновани на дефинирани и унифицирани стандарди и процедури, кои важат за сите АТИ во Европа и пошироко.
Дел од програмите што се застепени во Академијата ИРУ се:
Обука за менаџери во патниот сообраќај
Обука на возачи во превоз на стока и патници
Обука на возачи кои вршат превоз на АДР (опасни материи)
Обука за користење на дигитални тахографи
Обука – програма за HIV/AIDS за возачи
Обука за ECO возење
|
|