 |
|
Union Europeenne de Motocyclisme |
|
|
|
|
|
|
|
Европската унија на мотоциклисти се раѓа од потребата на националните мотоциклистички федерации да се соочат со темите и со проблемите на мотоциклистите и на мотоциклизмот воопшто од локален карактер. Како на пример, неопходноста да се изучува европската дозвола, откако ЕУ ја |
|
|
|
либерализираше спортската активност на 15-те свои членки или пак потребата за решение на проблемите на земјите во развој од Источна Европа во развивањето на помалите меѓународни спортски активности.
На 5 септември 1995 година претставници на 7 национални мотоциклистички федерации се состанаа во Минхен и потпишаа Документ за согласност со кој е утврдено дека новата организација не се создава како опозија на FIM, туку со единствена цел да се подобрат промоцијата, развојот и распространувањето на мотоциклизмот на Стариот континент и да се постигне прецизна соработка меѓу националните федерации, особено во оние земји каде што мотоциклизмот се уште не е развиен.
Изборот на г. Франческо Зерби за претседател на FIM им даде нов ентузијазам на оние кои веруваа во оваа иницијатива и на 17 февруари 1996 Уставотворното собрание се состана во Париз и го донесе Статутот на новата организација. 21 национална мотоциклистичка федерација реши да се придружи кон Унијата.
UEM и официјално е призната како Континентална унија (CONU) во 1997 година, на конгресот на FIM во Атина.
|
|