m1
m2 m3
m4      
m8  
  m9
sm1 sm2 sm3
m10  
m11 m12
m13
16 17
  18
АМСМ Членство DRIVE
   
АМСМ Членство DRIVE
Пакет составен од туринг услуги и од услуги за асистенција кој овозможува целосно згрижување на членовите на потесното семејство. Членовите на овој пакет добиваат членска картичка со којашто можат да ги користат следниве услуги: патнички превоз, такси превоз, отстранување дефект на самото место, пренос на возила и други. Услугите на АМСМ Семејно членство нудат брзо и навремено продолжување на патувањето, како и целосна сигурност во однос на заштитата на членовите на потесното семејство и на нивните возила.

Помош на пат
Помош на пат, во случај на дефект и имобилизација на Вашето возило, 24 часа на ден со повикување на Алармниот центар ( 196). Бесплатно отстранување дефект на возилото од страна на квалификувани механичари на самото место на настанот. Услугите вклучуваат замена на резервно тркало, дотур на гориво, дотур на масло и течност во системот за ладење, поправка на електронските системи за осветлување и други услуги кои овозможуваат понатамошно патување. Членот на АМСМ DRIVE го поседува правото на бесплатно користење на 1 услуга за помош на пат надвор од градско подрачје и 1 услуга за помош на пат на означена територија на град, односно на означена територија на градско подрачје.
Пренос на возило
Бесплатен пренос (во случај на дефект на возило) до овластен сервис / договорен партнер на АМСМ, како и бесплатен пренос (во случај на сообраќајна незгода) на оштетено возило, оштетена камп приколка и на украдено возило (по неговото пронаоѓање), попуст од 20% при пренос во случај на дефект на територијата на Република Македонија, 24 часа на ден (196) Алармен центар.
Членот на АМСМ DRIVE може да ја искористи услугата еднаш во текот на членскиот период .
Извлекување
Бесплатна помош и извлекување на Вашето возило во случај на заринкување / пропаѓање во кал, вода, снег... 24 часа во денот со повикување на Алармниот центар ( 196).
Членот на АМСМ DRIVE може да ја искористи услугата еднаш во текот на членскиот период.
Сервисни услуги
Бесплатни сервисни услуги во АМСМ Базите за помош на пат низ цела Македонија (контрола и регулација на фар; монтирање или замена на регистарски таблички; замена на масло во моторот или во менувачот), како и попуст од 20% на сите сервисни услуги во АМСМ Базите за помош на пат.
Патни трошоци
Покривање на патните трошоци во случај на дефект / сообраќајна незгода и организиран транспорт на сите сопатници (Вас и Вашето семејство) до домашната адреса. Оваа услуга вклучува патнички превоз / такси превоз со цел навремено враќање на патниците во случај на дефект / сообраќајна незгода.
Травел-Инфо Сет
Травел-Инфо Сет (Информативен комплет за патување) претставува ексклузивна услуга за членовите на АМСМ и содржи Информатор (сообраќајни и туринг информации за секоја држава); Патна карта (актуелна патна карта на државата или на регионот) и Рутер (компјутерски подготвена патна рута за соодветниот патен правец-почетна, крајна точка и транзитни точки од планираното патување на членот на АМСМ, информации за насоката и за износот на километри, вкупниот износ на патарини и други гранични такси), како и други сообраќајни и туринг информации неопходни за секое патување надвор од Р. Македонија. Членовите на АМСМ DRIVE во текот на членскиот период имаат право да користат 1 Травел - Инфо Сет.
Превентивен технички преглед
Пред секое патување членовите на АМСМ добиваат ексклузивна бенефиција за извршување на бесплатен превентивен технички преглед во станиците за технички преглед на АМСМ и на АМД низ цела Македонија, со цел зголемување на сигурноста и безбедноста при патувањето...
Show Your Card!
Екслузивни бенефиции и заштеди во Европа, САД и во Канада. Со Вашата членска картичка влегувате во СВЕТОТ НА БЕНЕФИЦИИТЕ. Show Your Card! (Покажи ја членската картичка) е услуга што ви нуди безброј поволности и попусти со единствено покажување на членската картичка на АМСМ...

19  
20 21 22 23 24
25 26
Авто Мото Сојуз на Македонија © 2010 АМСМ, сите права задржани
27 28
29 30 31 32 33
34 35
36
37 38