m1
m2 m3
m4      
m8  
  m9
sm1 sm2 sm3
m10  
m11 m12
m13
16 17
  18
АМСМ Семејно членство
   
АМСМ Семејно членство
Пакет составен од туринг услуги и од услуги за асистенција кој овозможува целосно згрижување на членовите на потесното семејство. Членовите на овој пакет добиваат членска картичка со којашто можат да ги користат следниве услуги: патнички превоз, такси превоз, отстранување дефект на самото место, пренос на возила и други. Услугите на АМСМ Семејно членство нудат брзо и навремено продолжување на патувањето, како и целосна сигурност во однос на заштитата на членовите на потесното семејство и на нивните возила.

Помош на пат
Бесплатно отстранување дефект, 24 часа на ден со повикување на Алармен центар (196). Услугите вклучуваат замена на резервно тркало, дотур на гориво, дотур на масло и течност во системот за ладење, поправка на електронските системи за осветлување и други услуги кои овозможуваат понатамошно патување.Членот на АМСМ има право на бесплатно користење на 1 услуга за помош на пат надвор од градско подрачје и 2 услуги за помош на пат на територијата на градско подрачје.
Пренос на возило
Бесплатен пренос (во случај на сообраќајна незгода) на оштетено возило, оштетена камп приколка и на украдено возило (по неговото пронаоѓање), како и попуст од 20% при пренос во случај на дефект на територијата на Република Македонија, 24 часа на ден со повикување на Алармен центар (196). Горенаведениве услуги членот може да ги искористи еднаш во текот на членскиот период. Горенаведениве услуги членот може да ги искористи еднаш во текот на членскиот период.
Извлекување
Бесплатна помош и извлекување на возилото во случај на заринкување, пропаѓање во кал, вода, снег... 24 часа на ден со повикување на Алармен центар (196). Членот има право бесплатно да ја искористи услугата еднаш во текот на членскиот период.
Сервисни услуги
Бесплатни сервисни услуги во АМСМ Базите за помош на пат низ цела Македонија (контрола и регулација на светла, монтирање или замена на регистарски таблички, замена на масло во моторот или во менувачот, како и попуст од 20% на сите сервисни услуги во АМСМ Базите за помош на пат.Членот може бесплатно да ја искористи услугата еднаш во текот на членскиот период.
Патни трошоци
Покривање на патните трошоци во случај на сообраќајна незгода и организиран транспорт на сите сопатници (Вас и Вашето семејство) до домашната адреса. Оваа услуга вклучува покривање на патните трошоци за автобуски или за железнички превоз со цел навремено враќање на патниците во случај на незгода.
Травел-Инфо Сет
Травел-Инфо Сет (Информативен комплет за патување) кој содржи Информатор (сообраќајни и туринг информации за секоја држава); Патна карта (актуелна патна карта на државата или на регионот) и Рутер (компјутерски подготвена патна рута за соодветниот патен правец- почетна, крајна точка и транзитни точки од планираното патување на членот на АМСМ, информации за насоката и за износот на километри, вкупниот износ на патарини и други гранични такси), како и други сообраќајни и туринг информации. Членовите на АМСМ во текот на членскиот период имаат право да користат вкупно 2 Травел - Инфо Сета.
Превентивен технички преглед
Пред секое патување членовите на АМСМ добиваат ексклузивна бенефиција за извршување на бесплатен превентивен технички преглед во станиците за технички преглед на АМСМ и на АМД низ цела Македонија, со цел зголемување на сигурноста и безбедноста при патувањето...
Show Your Card!
Екслузивни бенефиции и заштеди во Европа САД и во Канада. Со Вашата членска картичка влегувате во СВЕТОТ НА БЕНЕФИЦИИТЕ. Show Your Card! (Покажи ја членската картичка) е услуга што ви нуди безброј поволности и попусти со единствено покажување на членската картичка на АМСМ...


19  
20 21 22 23 24
25 26
Авто Мото Сојуз на Македонија © 2010 АМСМ, сите права задржани
27 28
29 30 31 32 33
34 35
36
37 38