РАЗМИСЛИ ПРОВЕРИ ЈА СОСТОЈБАТА НА ГУМИТЕ
 
  Следи ги советите на нашиот експерт-куклата за тестирање која редовно испробува удари кои, се надеваме, никогаш нема да ви се случат.

     
  Истрошените гуми предизвикуваат намалени перформанси на возилото.
Одзема повеќе време при сопирање на мокра подлога кога гумите се потрошени и постои ризик од лизгање.
Ненапумпаните гуми ја намалуваат контролата врз возилото, ги зголемуваат дистанците на сопирање и истите брзо се трошат .
Пренапунпаните гуми го намалуваат допирот со подлогата, ја намалуваат стабилноста при сопирањето и придонесуваат за отежнато управување.
  Треба да ги проверуваш гумите најмалку еднаш месечно, информација за точниот притисок на гумата може да се најде на работ од вратата на возачот.
Провери ги гумите од оштетувања и пукнатини. Доколку гумата и малку е исечена, треба да се провери од специјалист за гуми.
Сите гуми имаат показатели за потрошеност. Овие показатели се појавуваат во главните бразди кога тие ќе се излижат до 1,6 милиметри, најавувајќи дека гумата треба да се смени.
     
   
Стрип РАЗМИСЛИ ПРЕД ДА ВОЗИШ
- Провери ја состојбата на гумите