РАЗМИСЛИ НЕ КОРИСТИ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗИШ
 
  Следи ги советите на нашиот експерт-куклата за тестирање која редовно испробува удари кои, се надеваме, никогаш нема да ви се случат.

     
  Зборувањето на мобилен телефон додека возиш е опасно.
Употребата на мобилен телефон додека возиш влијае врз твојата способност за процена на растојанието, одржување на линија на движењето и на приспособувањето на брзината.
Исклучувајте го мобилниот телефон додека возите.
Зборувајте кратко, не расправајте се и запрете го возилото ако е можно.
Никогаш не пишувајте или не читајте текстуални пораки додека возите.