MAKE ROADS SAFE
Согласно со светските статистички податоци, секои 6 секунди некој страда или станува инвалид на патиштата низ целиот свет. MAKE ROADS SAFE претставува меѓународна кампања за зголемување на јавната и на политичката свест за зголемување на безбедноста на патиштата.
   

   
    Во 2005 година милиони луѓе, како и лидерите на Г8, одговорија на повикот „Сиромаштијата да ја направиме историја“. Со тоа беше направен голем подвиг. Но знаејќи дека сообраќајните несреќи ги чинат земјите во развој милијарди долари, можеме да увидиме дека ќе се ризикуваат повеќето придобивки за развој здобиени во 2005 доколку не се преземат активности за запирање на растечкиот број смртни случаи и повреди како резултат на сообраќајните несреќи. Секој ден 3000 луѓе го губат животот во сообраќајни несреќи. Повеќето од овие смртни случаи можат да се избегнат. Затоа, мора да реагираме веднаш ДА ГИ НАПРАВИМЕ ПАТИШТАТА БЕЗБЕДНИ.













Лорд Робертсон
Претседател, Комисија за Глобална безбедност на патиштата

   
    Се надевам дека Обединетите нации ќе преземат активности во однос на безбедноста на патиштата во 2007 година. 500 деца страдаат на патиштата секој ден, додека илјадници се повредени. Тоа е причината за мојата поддршка на кампањата MAKE ROADS SAFE..













Михаел Шумахер
Комисија за Глобална безбедност на патиштата
     
  Сообраќајни несреќи: човечки и економски загуби
   
  • Секои 3 минути страда дете на патиштата низ целиот свет.
  • Процентот на сообраќајни несреќи со фатални последици во сиромашните земји ќе се искачи на 80% до 2020 година.
  • Сообраќајните несреќи се најголемиот убиец на младите луѓе во ЕУ и во САД.
  • Единствено ХИВ-вирусот убива повеќе млади луѓе во светски размери.
  • Сообраќајните несреќи убиваат на ниво на маларијата и туберкулозата.
   
Табела на Светската здравствена организација за главните причинители на смртноста во светот
Ред. бр. Причинители Вкупен удел (во %)
7 Болести на пробавниот тракт 3.3
8 Туберкулоза 2.7
9 Болести на дишниот систем 2.2
10 Сообраќајни несреќи 2.1
11 Дијабетес 1.7
12 Маларија 1.6
     
    Повеќе информации за оваа кампања на: www.makeroadssafe.org