Тест Центар
Euro NCAP е основана 1997 година, и активностите на оваа институција се поддржани од страна на пет Европски држави, Европската комисија како и од страна на Авто-Мото клубовите и асоцијациите на сите ЕУ држави. Euro NCAP прерасна во значителен фактор во однос на воведување на промени во прилог на подобрување на безбедноста во дизајнот на новите автомобили.
Тест за заштита на возач / патници во возилото (преден)
Тестот со преден удар се базира врз основа на легислативата воспоставена од страна на Европската комисија за зголемување на безбедноста кај автомобилите, меѓутоа брзината при ударот е зголемена за 8 км/час. Тестот се извршува со фронтален удар во бариера подложна на деформирање со брзина од 64 км/час.
     
Тест за заштита на возач / патници во возилото (преден)
Тестот со страничен удар се извршува кога подвижна бариера подложна на деформирање, странично се придвижува кон возилото со брзина од 50 км/час, симулирајќи страничен удар на автомобилот. Резултатите од тестото служат за оценување на безбедноста на возачот.
     
Тест за заштита на пешаци
Тестот за заштита на пешаци се базира врз основа на легислативата воспоставена од страна на Европската комисија за зголемување на безбедноста кај автомобилите, и истиот се извршува со симулирање на фронтален удар на дете / возрасен со брзина од 40 км/час, каде предните делови на возилото се оценуваат согласно резултатите од извршениот тест.
     
Тест за заштита на глава (тест со ригиден столб)
Во просек една четвртина од сите сериозни односно фатални незгоди се случуваат при страничен удар на друго возило. Со цел да се охрабрат производителите на автомобили кон имплементација на дополнителна заштита за глава (странични воздушни перничиња) во автомобилот, кај оние автомобили кои поседуваат вакви безбедносни уреди, се извршува овој опционален тест за заштита на глава. Тестот се извршува со придвижување на возилото кон ригиден столб со брзина од 29 км/час. Бидејќи столбот е релативно тесен, постои значително навлегување во страничниот дел од автомобилот.
     
  За повеќе информации, посетете ја официјалната веб страница на Euro Ncap: www.euroncap.com