ECE правилници
ЕСЕ правилниците претставуваат технички документи кои ги содржат усогласените технички карактеристики на возилата и нивната опрема, начинот на кој тие се испитуваат, како и процедурите за одобрување на возилата кои истите ги
    исполнуваат. Пропишан е и начинот на контролата на сообразеноста на производството на одобрените возила, како и казните при несообразеност на производството, вклучувајќи и повлекување на одобрувањето. ЕСЕ правилниците претставуваат прилози на Спогодбата за прифаќање на еднообразни технички прописи за возила на тркала, опрема и делови кои можат да бидат вградени и/или употребени во возилото на тркала и условите за заемно признавање на хомологациите доделени врз основа на тие прописи усвоени од страна на Економската комисија за Европа при Обединетите нации или таканаречен ЕСЕ систем. Потписнички на оваа Спогодба моментално се 44 земји, а Република Македонија е потписничка од 17.11.1991 година.

Досега се усогласени и прифатени 120 ЕСЕ правилници кои се однесуваат на различни технички карактеристики на возилата, опремата и на деловите за нив. Во нашава земја прифатени се прифатени 94 ЕСЕ правилници (Наредба за задолжително атестирање (хомологација) на возилата на тркала, опремата и на деловите кои можат да се вградат и/или користат на возила на тркала ("Сл.весник на Р.М" бр.89/2000).
     
   
ECE правилник Содржина
   
         
   
R-1 Фарови со светилка R2
   
   
R-2 Главни светла кои емитираат асиметричен светлосен сноп или долг сноп, или и двете
   
   
R-3 Катадиоптери
   
   
R-4 Светла за регистарска табличка
   
   
R-5 Затнати фарови (SB)
   
   
R-6 Покажувачи на правецот
   
   
R-7 Позициони, стоп и габаритни светла
   
   
R-8 Фарови со халогени светилки H1, H2, H3
   
   
R-9 Бучавост на возила со три тркала
   
   
R-10 Радиопречки
   
   
R-11 Брави и шарки
   
   
R-12 Заштита на возачот од воланот при судир
   
   
R-13 Кочници
   
   
R-14 Приклучоци на сигурносните ремени
   
   
R-15 Емисија на гасови од моторот
   
   
R-16 Сигурносни ремени
   
   
R-17 Јачина на седиштата, приклучоците и на потпирачите за глава
   
   
R-18 Заштита од неовластена употреба
   
   
R-19 Предни светла за магла
   
   
R-20 Фарови со халогени светилки H4
   
   
R-21 Внатрешна опременост на возилото
   
   
R-22 Кациги за мотоциклисти
   
   
R-23 Светла за возење назад
   
   
R-24 Димност на возилата со дизел мотор
   
   
R-25 Потпирачи за глава
   
   
R-26 Надворешни издадени делови
   
   
R-27 Триаголници за означување
   
   
R-28 Звучен сигнал
   
   
R-29 Заштита на патниците во кабината на комерцијалните возила
   
   
R-30 Пневматици за патнички возила
   
   
R-31 Халогени главни светла кои со светлосниот извор сочинуваат неразделна целина
   
   
R-32 Однесување на структурата на возилото при судир од задна страна
   
   
R-33 Однесување на структурата на возилото при судир од предна страна
   
   
R-34 Заштита од пожар
   
   
R-35 Распоред на ножните команди
   
   
R-36 Конструкција на автобусите со повеќе од 16 (22) седишта (патници)
   
   
R-37 Светилки со вжарено влакно
   
   
R-38 Задни светла за магла
   
   
R-39 Брзиномер и вградување
   
   
R-40 Емисија на гасови од мотоциклите
   
   
R-41 Бучавост на мотоциклите
   
   
R-42 Заштита на возилото од предна и од задната страна (браници и сл.)
   
   
R-43 Сигурносни стакла
   
   
R-44 Заштита на децата во возилата
   
   
R-45 Бришачи на фаровите
   
   
R-46 Ретровизори
   
   
R-47 Емисија од мопеди
   
   
R-48 Вградување на светлосно-сигналните уреди
   
   
R-49 Емисија на гасови од дизел мотори
   
   
R-50 Сите светла, освен главните фарови на мотоцикли и на мопедите
   
   
R-51 Бучава на моторните возила со најмалку четири тркала
   
   
R-52 Градба на моторните возила со мал капацитет за јавен превоз до 16 (22) седишта
   
   
R-53 Вградување на свелосно-сигналните уреди кај мотоциклите
   
   
R-54 Пневматици за комерцијални возила
   
   
R-55 Приклучни уреди (возило - приколка)
   
   
R-56

Фарови за мопеди (само соборено светло)

   
   
R-57 Фарови за мотоцикли
   
   
R-58 Заштита од подлетување кај комерцијалните возила
   
   
R-59 Замена на придушните системи
   
   
R-60 Контролна табла за мопеди и за мотоцикли
   
   
R-61 Надворешни издадени делови на комерцијални возила (од задната страна на кабината)
   
   
R-62 Заштита од неовластена употреба (за возила со управувач)
   
   
R-63 Бучавост на мопедите
   
   
R-64 Специјално резервно тркало
   
   
R-65 Специјални светла за предупредување
   
   
R-66 Јакост на конструкциите на автобусите со повеќе од 16 (22) седишта
   
   
R-67 Возила со погон на течен нафтен гас
   
   
R-68 Мерење на максималната брзина на електрични возила
   
   
R-69 Обележување на бавните возила и нивните приколки
   
   
R-70 Означување на тешки и долги возила
   
   
R-71 Трактори - видно поле на возачот
   
   
R-72 Фарови за мотоцикли со светилки HS1
   
   
R-73 Бочна заштита на товарните возила
   
   
R-74 Вградување на светлосно-сигналната опрема кај мопедите
   
   
R-75 Пневматици за мотоцикли
   
   
R-76 Фарови за мопеди (големо и соборено светло)
   
   
R-77 Паркирно светло за моторни возила
   
   
R-78 Кочење на мотоцикли
   
   
R-79 Системи за управување
   
   
R-80 Седишта во долгите патнички возила
   
   
R-81 Ретровизори за категорија L без кабина
   
   
R-82 Фарови за мопеди со халогени светилки HS2
   
   
R-83 Емисија на гасови за бензински и дизел мотори
   
   
R-84 Потрошувачка на гориво
   
   
R-85 Јачина на моторите
   
   
R-86 Светла и светлосно-сигнални уреди на тракторите
   
   
R-87 Светло за возење преку ден
   
   
R-88 Ретрорефлектирачки пневматици на возила со две тркала
   
   
R-89 Ограничувач на брзината на комерцијалните возила
   
   
R-90 Резервни облошки на сопирачките
   
   
R-91 Бочни светла за означување
   
   
R-92 Замена на придушувачи за мотоцикли
   
   
R-93 Направи за заштита од предно подлетување (M1, N1)
   
   
R-94 Заштита на патниците при челен удар
   
   
R-95 Заштита на патниците при бочен удар
   
   
R-96 Емисија на гасови од дизел мотори за земјоделски и за шумски трактори
   
   
R-97 Алармни системи
   
   
R-98 Фарови со ксенонски светилки
   
   
R-99 Ксенонски светилки
   
   
R-100 Електрични возила
   
   
R-101 Емисија на СО 2 и потрошувачка на гориво
   
   
R-102 Уреди за кусо спојување на возила
   
   
R-103 Замена на катализатори
   
   
R-104 Рефлектирачки ознаки за означување на тешки и долги возила и на приколки
   
   
R-105 Превоз на опасни материи
   
   
R-106 Пневматици за тракторите и за нивните приколки
   
   
R-107 Градба на двоспратни автобуси
   
   
R-108 Репарирани пневматици за моторните возила и за нивните приколки
   
   
R-109 Репарирани пневматици за комерцијалните возила и за нивните приколки
   
   
R-110 Компоненти на возилата на погон на компримиран природен гас
   
   
R-111 Цистерни ( кат . N и O) - стабилност во поглед на превртување
   
   
R-112 Главни светла кои емитираат асиметрично кратко или долго светло или двете и кои се опремени со светилки со вжарено влакно
   
   
R-113 Главни светла кои емитираат симетрично кратко или долго светло или двете и кои се опремени со светилки со вжарено влакно
   
   
R-114 Замена на воздушни перничиња
   
   
R-115 1. Специфични системи за погон на течен нафтен гас во возилата
2. Специфични системи за погон на компримиран природен гас во возилата
   
   
R-116 Заштита на возилата од неовластена употреба
   
   
R-117 Емисија на звук поради вртење на пневматиците
   
   
R-118 Однесување на материјалите употребени во ентериерот на возилото при пожар
   
   
R-119 Cornering lamps for power-driven vehicles
   
   
R-120 Internal combustion engines to be installed in agricultural and forestry tractors and in non-road mobile machinery