|
|
|
||
|
|
Хомологација на возилата, односно на деловите и на уредите на
возилото е испитување и утврдување на сообразноста на испитуваните делови според
ЕСЕ правилниците (регулативите) или ЕС/ЕЕС директивите кои се однесуваат на
испитуваниот
|
||
|
дел и за одредена категорија возила. Хомологациското испитување може да се врши само во меѓународно признати лаборатории и по испитувањето (ако делот на возилото е сообразен со барањата на регулативите или на директивите сопред кои е вршено испитувањето), производителот на делот мора на истиот да постави знак со кој се докажува дека делот е хомологациски испитан. Производителите на автомобили или на делови за автомобили пред почетокот на производството на некое ново возило или на дел од него, мора да извршат хомологациско испитување, така што сите возила кога ќе стигнат на пазарот мора на себе да имаат хомологациски ознаки.
Во Република Македонија се уште нема можности за вакви испитувања на возилата ("права хомологација"), па затоа се користат меѓународно признати лаборатории во други држави. |
|||