Категорија L1
  Моторни возила на две тркала со работна зафатнина на цилиндрите на моторот која не преоѓа 50см3 и максимална конструктивна брзина која не преоѓа 50км/час.
 
Категорија L2
  Моторни возила на три тркала со работна зафатнина на цилиндрите на моторот која не преоѓа 50см3 и максимална конструктивна брзина која не преоѓа 50км/час.
 
Категорија L3
  Моторни возила на две тркала со работна зафатнина на цилиндрите на моторот која преоѓа 50см3 и максимална конструктивна брзина поголема од 50км/час.
 
Категорија L4
  Моторни возила на три тркала, асиметрично поставени во однос на средната подложна оска, со работна зафатнина на цилиндрите на моторот над 50см3 и максимална конструктивна брзина поголема од 50 км/на час (мотоцикл со бочна приколка).
 
Категорија L5
  Моторни возила на три тркала, симетрично поставени во однос на средната подложна оска, чијашто најголема маса не надминува 1.000кг или максимална конструктивна брзина поголема од 50км/час.