Увоз на возила
Проверката на хомологациската сообразеност за категорија на возила М1 и N1 може да се изврши во едно од испитните места на Центарот за хомологација на АМСМ. Проверката на хомологациската сообразеност опфаќа проверка на
    документацијата за возилото и проверка на самото возило. Доколку со овој преглед се утврди дека возилото е сообразно со важечките и со прифатените ECE правилници, односно EEC директиви во Република Македонија, се издаваат документи за сообразеност на единечно увезено возило.

Доколку при прегледот се утврди дека возилото не е сообразно со хомологациските прописи прифатени во нашава држава, на увозникот му се издава Решение за несообразеност, што значи дека тоа возило не може да се увезе и да регистрира во Република Македонија. Затоа, пред да се купи возило, потребно е да се побараат информации од овластениот застапник на конкретната марка возила во РМ.

При увозот на возилото, а пред пристапување кон хомологација на единечно увезено возило, увозникот треба да ги поседува следниве документи: 
  • Упат од соодветниот царински орган;
  • Копија од сите документи за возилото (странска сообраќајна дозвола, фактура или купопродажен договор и влезна царинска декларација);
  • Документот - ПОТВРДА ЗА ТЕХНИЧКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДРУМСКОТО ВОЗИЛО И ЗА МЕЃУНАРОДНИТЕ ХОМОЛОГАЦИСКИ ПРОПИСИ КОЕ ИСТОТО ГИ ИСПОЛНУВА.

Горенаведенатва потврда може да се обезбеди од еден од следниве извори:

  • Овластениот застапник на производителот на возилото кое се увезува;
  • Производителот на возилото кое се увезува;
  • TUV VERKEHR UND FAHRZEUG NIEDERLASSUNG MUNCHEN - Германија
  • COC (Certificate of Conformity)