 |
|
Преглед на другите уреди, делови и ознаки на возилата и нивната опрема
|
|
|
|
|
|
|
При преглед на другите уреди и делови во зависност од видот на возилото, односно приклучното возило на кое се врши технички преглед, се извршуваат следниве проверки на возилото:
|
|
|
|
|
|
|
|
- Дали возилото ги има сите уреди, делови и ознаки што се пропишани за тој вид
возило
- Дали на мотоциклот се поставени држачи за нозете на возачот и на патникот и
држач за патникот
- Дали се ставени рекламни табли и натписи на предната и на задната страна на
возилото
- Дали отворот на налевката за полнење на резервоарот со гориво се наоѓа на
пропишано место и дали има затворач
- Дали бравите на вратите се исправни
- Дали автобусот и приклучното возило со кое се врши превоз на патници има уред за
проветрување
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
- Дали акомулаторот е зацврстен на пропишан начин
- Дали автобусот со над 25 седишта има прекинувач на главното коло на електричната инсталација и дали тој се наоѓа на пропишаното место
- Дали потпирачот на предното седиште има пропишани осигурувачи
- Дали во патничките автомобили има вградено приклучоци за врзување на сигурносните појаси најмалку за првиот ред на седиштата, како и вградени сигурносни појаси
- Дали потпирачите за глава во патничките автомобили се вградени на седиштата кои имаат сигурносни појаси
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
- Дали возилата имаат соодветен уред за одмрзнување и одмаглување на ветробранот и уред за греење и проветрување на кабината за возачот и на просторот за патниците
- Дали браниците се во исправна состојба и дали се поставени на пропишан начин
- Дали патничките автомобили имаат вградени уреди за обезбедување на возилата од неовластена употерба
- Дали на моторното возило со вградени уреди за погон на збиен или течен гас, дали е извршено испитување и проверка на исправноста на вградувањето на тие уреди од овластена организација и дали резервоарот со гас е поставен на пропишан начин
- Дали е извршено баждарење (жигосување) на тахографот, што се докажува со потврда, а тракторите имаат вградена безбедносна кабина на пропишан начин
|