 |
|
Преглед на уредот за сопирање
|
|
|
|
|
|
|
При преглед на уредот за сопирање се извршуваат следниве проверки на возилото: |
|
|
|
|
|
|
|
- Дали возилото има соодветен уред за сопирање
- Дали деловите на уредот за сопирање се добро прицврстени, неоштетени, преправани
или сменети
- Дали инсталацијата кај уредот за сопирање е добро затворена и не го испушта
работниот флуид
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
- Дали работната, помошната и паркирната кочница се комбинирани на пропишан начин
- Дали деловите на уредот за сопирање - работната, помошната и паркирната кочница
ги задоволуваат пропишаните услови за забавување на сопирачкиот коефициент и на
силата за активирање на командите
- Дали забавувачот, доколку е пропишан, постои на возилото и функционира исправно
- Дали падот на притисокот на работниот флуид во пневматскиот преносен механизам
при пропишаниот број сопирања ги преминува дозволените вредности
- Дали разликата меѓу силата и сопирањето на тркалата од иста оска е во дозволената граница
- Дали уредот за сопирање како целина функционира исправно
|