Преглед на светлосните и на светлосно-сигналните уреди
 

При преглед на светлосните и на светлосно-сигналните уреди се извршуваат следниве проверки на возилото:
     
   
  • Дали на возилото се вградени само пропишани светла и дали се поставени на пропишан начин
  • Дали бојата, бројот, положбата и јачината на светлосните уреди се во согласност со постојните прописи
  • Дали светлата се меѓусебно поврзани на пропишан начин и дали функционираат исправно
  • Дали светлосниот сноп на собореното светло и светлосниот сноп на големото светло се со соодветен интензитет и правилно утврден така да го осветлува патот на пропишан начин
  • Дали стаклото на фарот е неоштетено и дали сферното огледало е без механички оштетувања, корозија и доволно сјајно
  • Дали на возилото постојат светлосни уреди, чиешто поставување не е дозволено
 
     
   
  • Дали уредите се поставени на пропишан начин
  • Дали видливоста, бројот, бојата, положбата, јачината и работата на уредите се во согласност со постојните прописи и дали функционираат исправно
  • Дали светлата можат да се вклучат на пропишан начин и дали се прописно поврзани со другите светла