 |
АМСМ Членство Плус |
|
|
|
 |
АМСМ Семејно членство
Пакет составен од туринг услуги и од услуги за асистенција кој овозможува целосно згрижување на членовите на потесното семејство. Членовите на овој пакет добиваат членска картичка со којашто можат да ги користат следниве услуги: патнички превоз, такси превоз, отстранување дефект на самото место, пренос на возила и други. Услугите на АМСМ Семејно членство нудат брзо и навремено продолжување на патувањето, како и целосна сигурност во однос на заштитата на членовите на потесното семејство и на нивните возила.
|
|
|
Помош на пат
|
|
|
Бесплатно отстранување дефект, 24 часа на ден со повикување на Алармен центар
(196). Услугите вклучуваат замена на резервно тркало, дотур на гориво, дотур на
масло и течност во системот за ладење, поправка на електронските системи за
осветлување и други услуги кои овозможуваат понатамошно патување како на
територијата на Македонија така и во Европа.Членот на АМСМ
ПЛУС има право
да користи неограничен број услуги за Помош на пат, но во максимален вкупен
износ до 6.000 МКД, согласно со официјалниот ценовник на Службата Помош -
Информации
|
|
|
 |
|
Пренос на возило
|
|
|
Бесплатен пренос (во случај на дефект на возило) до овластен сервис / договорен
партнер на АМСМ, како и бесплатен пренос (во случај на сообраќајна незгода) на
оштетено возило, оштетена камп приколка и на украдено возило, 24 часа на ден
(196) Алармен центар
Членот на АМСМ ПЛУС
има право да користи неограничен број услуги за пренос на возило, вклучувајќи ги
услигите во и / или надвор од градско подрачје на покриената територија, но во
максимален вкупен износ до 6.000 МКД, согласно со официјалниот ценовник на
Службата Помош - Информации
|
|
|
 |
|
Извлекување
|
|
|
Бесплатна помош и извлекување на возилото во случај на заринкување / пропаѓање
во кал, вода, снег... 24 часа во денот со повикување на Алармниот центар (196).
Членот на АМСМ ПЛУС
има право да
користи неограничен број услуги за Извлекување во и / или надвор од градско
подрачје на покриената територија, но во максимален вкупен износ до 3.000 МКД,
согласно со официјалниот ценовник на Службата Помош - Информации.
|
|
|
 |
|
Сервисни услуги
|
|
|
Бесплатни сервисни услуги во АМСМ Базите за помош на пат низ цела Македонија
(контрола и регулација на фар; монтирање или замена на регистарски таблички;
замена на масло во моторот или во менувачот), како и попуст од 20% на сите
сервисни услуги во АМСМ Базите за помош на пат.
|
|
|
 |
|
Патни трошоци
|
|
|
Покривање на патните трошоци во случај на дефект / сообраќајна незгода и
организиран транспорт на сите сопатници (Вас и Вашето семејство) до домашната
адреса. Оваа услуга вклучува патнички превоз / такси превоз со цел навремено
враќање на патниците во случај на дефект / сообраќајна незгода. |
|
|
 |
|
Травел-Инфо Сет
|
|
|
Травел-Инфо Сет (Информативен комплет за патување) кој содржи Информатор
(сообраќајни и туринг информации за секоја држава); Патна карта (актуелна патна
карта на државата или на регионот) и Рутер (Ккомпјутерски подготвена патна рута
за соодветниот патен правец-почетна, крајна точка и транзитни точки од
планираното патување на членот на АМСМ, информации за насоката и за износот на
километри, вкупниот износ на патарини и други гранични такси), како и други
сообраќајни и туринг информации. Членовите на АМСМ
ПЛУС во текот
на членскиот период имаат право да користат вкупно 2 Травел - Инфо Сета.
|
|
|
 |
|
Превентивен технички преглед
|
|
|
Пред секое патување членовите на АМСМ добиваат ексклузивна бенефиција за
извршување бесплатен превентивен технички преглед во станиците за технички
преглед на АМСМ и на АМД низ цела Македонија, со цел зголемување на сигурноста и
на безбедноста при патувањето...
|
|
|
 |
|
Show Your Card!
|
|
|
Екслузивни бенефиции и заштеди во Европа, САД и во Канада. Со Вашата членска
картичка влегувате во СВЕТОТ НА БЕНЕФИЦИИТЕ. Show Your Card! (Покажи ја
членската картичка) е услуга што ви нуди безброј поволности и попусти со
единствено покажување на членската картичка на АМСМ... |