 |
MAKE CARS
GREEN |
|
|
Авто-Мото Сојуз на Македонија (АМСМ) во соработка со Републичкиот Совет за
безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи на
23 мај ќе ја започнат глобалната кампања MAKE CARS GREEN ( да ги направиме
автомобилите зелени) Меѓународната автомобилистичка федерација FIA ја спроведува
глобалната кампања MAKE CARS GREEN ( да ги направиме автомобилите зелени) низ
целиот свет се со цел да се зачува животната средина и опстанокот на човештвото.
Глобалното затоплување и промените на климата беа основната и голема причина да
се започне со оваа глобална кампања. Кампањата “Да ги направиме автомобилите
зелени “ е поддржана од сите светски авто -мото туринг клубови и како дел од
истите се вклучуваме и ние.
Целта на кампањата MAKE CARS GREEN (Да ги направиме автомобилите зелени) е да го намали негативното влијание на автомобилите врз животната околина и да ги поттикне возачите да размислуваат „зелено“ пред да влезат во нивните автомобили.
АМСМ на граѓаните и учесниците во сообраќајот им препорачува 10 совети за “зелено” возење:
- Купувајте еколошки автомобил
- Планирајте го Вашето патување
- Често проверувајте го притисокот во гумите
- Намалете го товарот во автомобилот и избегнувајте употребување на кровен багажник
- Не го загревајте моторот пред поаѓање
- Употребувајте го клима- уредот само кога е неопходно
- Забрзувајте го возилото постепено и одржувајте ја брзината на констатно ниво
- Користете моторно сопирање
- Не оставајте моторот да работи во лер
- Намалете ги емисиите на CO2 од Вашиот автомобил
АМСМ верува дека граѓанската свест ќе се разбуди и ќе ја поддржи оваа кампања
која е од големо значење за планетата Земја.
|
|
|
|