АМСМ НОВОСТИ

Сите МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ 24/7 на едно место

За патување со автомобил надвор од државата, потребни се следните меѓународни документи:  

-       Зелен картон

-       Овластување за управување со туѓо моторно возило

-       Меѓународна возачка дозвола

-       Патничко осигурување


Притоа, за нешто да не заборавите, ве потсетуваме кои документи ви се потребни :


1. Документи потребни за Меѓународна возачка дозвола:


-       2 фотографии (45ммх35мм)

-       Лично присуство со документ за идентификација (лична карта/пасош)

-       Национална возачка дозвола

-       Потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (се издава од страна на МВР во АМСМ) 

Барањето за издавање на потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило, можете да го симнете тука.

Важност: 3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.

НАПОМЕНА:

Меѓународна возачка дозвола можете да извадите во работно време на шалтерот на МВР во АМСМ:
- во Центар од 07:00-19:00ч од понеделник-петок и од 08:00-15:00ч во сабота 
- во Чаир од 09:00-16:00ч од понеделник-петок и од 09:00-13:00ч во сабота и
- во Велес од 08:00-16:00ч од понеделник-петок.

Меѓународна возачка дозвола можете да извадите 24/7 во АМСМ Скопје-Центар доколку веќе ја поседувате потребната потврда од МВР за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.  
 
2. Документи потребни за издавање на Одобрение за управување со туѓо моторно возило надвор од Р.Македонија (Полномошно):


За физички лица:

-       Сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот со документ за идентификација (лична карта/пасош)

-       Лично присуство на корисникот на возилото со пасош

За правни лица:

-        Барање за издавање на Одобрение за управување со туѓо моторно возило на меморандум на фирмата

-        Сообраќајна дозвола од возилото

-        Лично присуство на корисникот на возилото со пасош

Важност: 1 година

Напомена: Одобрението за управување со туѓо моторно возило надвор од Р. Македонија можете да го извадите 24/7 во АМСМ Скопје-Центар.

Патувајте БЕЗГРИЖНО!