Новости

Направете А-ТЕСТ НА КЛИМА ФОЛИИ И ПЛИНСКИ УРЕДИ во АМСМ Услуги-Центар за возила

Во АМСМ Услуги-Центар за возила имате ексклузивна можност да направите А-тест на клима фолии и плински уреди за поголема безбедност во сообраќајот за вас и вашите сопатници!

Трендот на вградување на плински уред во возилата значително се зголемува, а со тоа и законските контроли од сообраќајната полиција се сѐ почести. За да не ризикувате и да не ја ставите околината во потенцијална опасност, направете А-тест на вашиот плински уред уште денес во АМСМ Услуги-Центар за возила.

Клима фолиите ќе ја подобрат вашата безбедност при возењето со тоа што ќе Ве заштитат вас и вашите сопатници до 95% од штетните UV зраци и ќе ја намалат температурата на возилото за неколку целзиусови степени. Сврзувачките својства на заштитните фолии имаат и позитивно влијание со што автомобилското стакло станува поотпорно на насилни удари и побезбедно во сообракајните несреки. Атестот на клима фолии во АМСМ Услуги-Центар за возила се докажано проверени и одобрени од домашните надлежни органи и институции.

Повеќе информации може да добиете на 02/ 2631-181.