АМСМ НОВОСТИ

ЈА НАГРАДУВАМЕ ЛОЈАЛНОСТА на нашите АМСМ членови

Да се биде АМСМ член значи да имате кому да му се јавите за помош во било кое време од денот, каде и да се наоѓате. На некои АМСМ членови ова им се случува често, а на некои речиси никогаш.

Ете, токму за вас  кои досега не сте искористиле услуги од својот членски пакет, а и понатаму останувате наши членови,  ја создадовме АМСМ Програмата за лојалност, која подразбира:

- Доколку 2 (две) последователни години не сте искористиле привилегии од својот членски пакет, при следното зачленување добивате специјален АМСМ подарок

- Доколку 4 (четири) последователни години не сте искористиле привилегии од својот АМСМ членски пакет, при следното зачленување добивате сребрена АМСМ Classic или Europe Premium членска картичка, која вклучува дополнителна услуга „Помош на пат“ во Македонија или и во Европа, зависно од типот на членскиот пакет.

Ви благодариме на Вашата лојалност.