АМСМ НОВОСТИ

Извадете меѓународни документи 24/7 и прочитајте што се ви е потребно

За патување со автомобил надвор од државата, потребни се следните меѓународни документи:  

-       Зелен картон

-       Овластување за управување со туѓо моторно возило

-       Меѓународна возачка дозвола

-       Патничко осигурување


Притоа, за нешто да не заборавите, ве потсетуваме кои документи ви се потребни :


1. Документи потребни за Меѓународна возачка дозвола:


-       2 фотографии (45ммх35мм)

-       Лично присуство со документ за идентификација (лична карта/пасош)

-       Национална возачка дозвола

Важност: 3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.


2. Документи потребни за издавање на Одобрение за управување со туѓо моторно возило надвор од Р.Македонија (Полномошно):


- За физички лица:

-       Сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот со документ за идентификација (лична карта/пасош)

-       Лично присуство на корисникот на возилото со пасош

- За правни лица:

-        Барање за издавање на Одобрение за управување со туѓо моторно возило на меморандум на фирмата

-        Сообраќајна дозвола од возилото

-        Лично присуство на корисникот на возилото со пасош

Важност: 1 година

Притоа, сите меѓународни документи можете да ги извадите 24/7 во АМСМ Скопје-Центар.

Патувајте БЕЗГРИЖНО!