Четврток, 11 Март 2010
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива отежнато во зимски услови, по влажни и лизгави коловози поради врнежи од снег. Патниот правец Маврово - Дебар во близина на Св. Јован Бигорски е во целосен прекин поради нов поголем одрон. Забрани за тешките товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Буково, Ѓавато и патниот правец Струга - Ќафасан. На возачите им препорачуваме крајно внимателно возење, прилагодување на брзината на движење по влажните и лизгави коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Особена внимателност низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата од одрони и лизгања на земјиште. Ова особено се однесува за патните правци Маврово – Дебар и Катланово - Велес. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. Потсетување за возачите на нивната законска обврска, за задолжително поседување на зимската опрема во возилата која трае до 15 март.
|